Свет

Тони Блер се сретнал со Нетанјаху и Абас за иднината на Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот британски премиер Тони Блер одржале разговори за иднината на Појасот Газа кон крајот на ноември, јавија денеска „Тајмс оф Израел“ и јавниот радиодифузен сервис на Израел.

Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп предвидува формирање на меѓународен „Одбор за мир“ на чело со самиот Трамп, со Блер како член. Планот вклучува и преодна влада составена од неполитички палестински експерти, потсетува ДПА.

Израелскиот јавен радиодифузен сервис Кан објави дека Блер се сретнал со Нетанјаху во Израел за време на посетата на регионот, како и дека се сретнал со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Кабинетот на Нетанјаху не ги коментираше извештаите.

Според извештајот на Кан, Блер за време на разговорите се залагал Палестинската управа на чело со Абас првично да контролира делови од Појасот Газа како „пилот-проект“, со намера тоа да се прошири, доколку биде успешно.

Планот предвидува и избори во палестинските области. Кан објави дека Блер тесно се координира со арапските држави и со САД и дека се очекува наскоро повторно да го посети регионот.

Сепак, „Тајмс оф Израел“ објави дека извор запознаен со ова прашање „категорично негира“ дека Блер претставил план за она што весникот го нарече „непосредно, фазно враќање на Палестинската управа во Газа“.

Владата на Нетанјаху официјално ја отфрла секоја вклученост на Палестинската управа во иднината на Газа. Хамас, пак, го отфрла разоружувањето предложено во мировниот план на Трамп.

To top