Свет поради неисправности

„Тојота“ повлекува милион возила во САД

Фирмите-продавачи ќе ги проверат и заменат сензорите доколку тоа е потребно.

„Тојота“ повлекува милион возила во САД

„Тојота моторс“ денеска соопшти дека ќе повлече милион возила во САД поради неисправности на сензорите што може да предизвикаат краток спој и деактивирање на воздушните перничиња.

Повлекувањето опфаќа возила прозведени од 2020 до 2022 година од моделите „Авалон“, „Камри“, „Корола“, „РАВ-4“, „Лекус ЕС-250“, „ЕС-300-Х“, „ЕС-350“, „РКС-350 хајлендер“ и „Сиена“.

Сензорите треба да бидат, всушност, безбедна пречка за воздушните перничиња да не се активираат во непотребни случаи, ако на предното седиште се наоѓа мало дете.

Фирмите-продавачи ќе ги проверат и заменат сензорите доколку тоа е потребно.

Најнови вести од Свет

To top