Највисокиот регулатор за заштита на податоци на ЕУ го казни TikTok со 530 милиони евра поради загриженост за тоа како ги штити личните податоци на корисниците.
Регулаторот, исто така, ѝ наложи на платформата да го суспендира преносот на податоци во Кина доколку обработката на податоци не се усогласи со законите на ЕУ во рок од шест месеци, објави Ројтерс.
Ирската комисија за заштита на податоци (DPC) соопшти дека TikTok, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, не може да докаже дека личните податоци на корисниците од ЕУ се соодветно заштитени во согласност со законите на ЕУ.