Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска телефонски разговараше со неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахиан поради тензиите помеѓу Израел и Иран.
Амирабдолахиан го информирал Ванг за ставот на Иран за израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Дамаск, истакнувајќи оти Советот за безбедност на Обединети нации не одговорил соодветно на овој напад и дека Техеран има право да се брани како одговор на кршењето на суверенитетот на земјата.
Оценувајќи дека моменталната регионална ситуација е многу чувствителна, Амирабдолахиан нагласи дека Иран е подготвен да покаже воздржаност и нема намера дополнително да ја ескалира ситуацијата. (МИА)