Иранската армија денеска се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи со нападите врз енергетската инфраструктура на Исламската Република.
– Владите на исламските земји мора што поскоро да ја предупредат криминалната Америка и дивјачкиот ционистички режим против ваквите кукавички и нечовечки постапки. Во спротивно, ќе бидат преземени мерки во регионот. И ако можете да си дозволите нафта по цена од над 200 долари за барел – продолжете со оваа игра, соопшти Централниот штаб на Хатам ал-Анбија, поврзан со Корпусот на Исламската револуционерна гарда.