Свет војна

Тага во Израел: Над 20 војници убиени во Газа

Војската на Израел соопшти дека 21 војник е убиен во Газа, што го означува најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивната копнена операција.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека се верува дека ракетна граната погодила тенк во близина на двете згради во кои се наоѓале, јавува Би-Би-Си.

Тој рече дека зградите експлодирале веројатно како резултат на мините поставени таму од израелските сили за да ги урнат. ИДФ соопшти дека се уште ги истражува деталите за инцидентот.

Израел се обидува да го елиминира Хамас откако вооружените напаѓачи убија повеќе од 1.300 луѓе во нападите на 7 октомври.

Повеќе од 25.000 луѓе се убиени во Газа од почетокот на воздушната и копнената кампања што ја започнаа Израелците, според податоците објавени од Министерството за здравство на Хамас.

Најнови вести од Свет

To top