Свет голема трагедија

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

„Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече Макрон во објава на социјалната мрежа Икс.

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Меѓународните лидери испратија пораки на сочувство и солидарност до Канада по смртоносната пукотница во средното училиште во  градот Тамблер Риџ, во која загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“.

„Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече Макрон во објава на социјалната мрежа Икс.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека е „шокиран“ и „тажен“ од веста за нападот.

„Моето искрено сочувство до сите Канаѓани погодени од овој ужасен настан“, рече тој.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека е „длабоко потресен“ од пукотницата.

„Нашите мисли се со луѓето од Тамблер Риџ додека тие тагуваат по своите семејства, пријатели и најблиски. Им посакувам на повредените брзо закрепнување“, рече Мерц.

Во средното училиште во градот Тамблер Риџ, Британска Колумбија, се случи пукотница во која се убиени десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, додека најмалку 25 лица се повредени.

Граѓаните на Тамблер Риџ напаѓачот го идентификуваа како 18-годишно трансродово лице и поранешен ученик во тоа училиште, Џеси Стренг.

Полицијата објави дека вооруженото лице е пронајдено мртво на самото место, со самонанесени повреди, објави порталот „Вестерн Стандард“.

Според локалните жители кои разговараа со медиумите, Стренг наводно ги убил својата мајка и помладиот брат, кои биле добро познати во заедницата, пред да пристигне во училиштето.

To top