Свет обвинетите биле дел од организирана мрежа

Судскиот процес против петмината Бугари обвинети во Велика Британија за шпионажа во корист на Русија почнува следната година

Судскиот процес против петмината Бугари, обвинети дека се дел од руска шпионска мрежа во Велика Британија, ќе започне следната година, објави судијата од лондонскиот суд „Олд Бејли“.

Судскиот процес против петмината Бугари обвинети во Велика Британија за шпионажа во корист на Русија почнува следната година

Тројца мажи и две жени се обвинети дека во периодот од 30 август 2020 до 8 февруари 2023 година учествувале во заговор за „собирање информации наменети да бидат од директна или индиректна корист за непријателот со цел да им наштетат на безбедноста и интересите на државата“.

Петмината бугарски државјани кои живееле во Лондон и Норфолк беа уапсени во февруари годинава од полициските сили за борба против тероризмот. Тие денеска се појавија на Олд Бејли преку видео врска само за да го потврдат својот идентитет.

Првото рочиште за случајот судијата го закажа за октомври 2024. Се очекува да трае околу четири месеци, пренесува БТА.

Според обвинителството, петмината обвинети биле дел од организирана мрежа која вршела надзор и непријателска активност во корист на Русија во врска со конкретни цели, вклучително и за потенцијални киднапирања.

To top