Свет

Судар на два патнички авиони на аеродром во Бразил

Два авиони полни со патници се судрија на 29 јули на аеродромот во Бразил, а сега се појави видео на кое се гледа штетата нанесена на леталото.

Судар на два патнички авиони на аеродром во Бразил

Два авиони полни со патници се судрија на 29 јули на аеродромот во Бразил, а сега се појави видео на кое се гледа штетата нанесена на леталото.

Според медиумите, еден од авионите бил на пистата на аеродромот во Сао Паоло и чекал да полета, кога во него удрил авион кој штотуку слетал од Рио де Жанеиро. Несреќата се случила околу 17 часот по локално време.

Аеродромот извести дека инцидентот се случил поради механичка грешка на опремата за подигнување прикачена на авионот што се подготвувал за полетување.

Имено, на авионот била прикачена кука за влечење, која требало од паркинг позиција да го повлече авионот до позицијата „такси“.

Авиокомпанијата соопшти дека крилото на авионот кој слетал удрило во нивниот Боинг 737 кој требало да полета и дека има огромна дупка во авионот.

„Патниците се симнаа безбедно, што е секогаш наш приоритет и беа префрлени во друг авион за да го продолжат своето патување“, соопштија од авиокомпанијата.

To top