Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во посета на Норвешка.
За време на престојот во својата татковина Столтенберг ќе биде примен од норвешкиот крал Харалд Петти и ќе има средба со премиерот Јонас Гар Сторе.
Генералниот секретар на НАТО во Осло ќе учествува и на настан организиран од Норвешкиот атлантски комитет (ДНАК).