Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе отпатува во неколкудневна посета на САД, каде ќе има средби со претставници на американската Администрација и Конгресот.
Работниот дел од посетата, Столтенберг ќе го започне в понеделник со билатерални средби во Вашингтон со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, секретарот за одбрана Лојд Остин, како и со советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Џо Бајден, Џејк Саливан.
Во вторник генералниот секретар на НАТО ќе се сретне со претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, со лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, со лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, како и со други сенатори и конгресмени.
В среда претпладне по локално време, Столтенберг ќе има обраќање во Фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон, по што ќе замине за градот Трој во американската сојузна држава Алабама каде ќе го посети погонот производство на ракети, системи за противвоздушна опрема и логистика на компанијата „Локид Мартин“.
Престојот во САД, генералниот секретар на НАТО ќе го заврши в четврток со посета на американската Команда за специјални операции во градот Тампа на Флорида. (МИА)