Свет НАТО

Столтенберг: САД ќе останат верен сојузник во Алијансата без оглед на исходот од претседателските избори во САД

„САД ќе останат силен и лојален сојузник“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција во полската престолнина Варшава со британскиот премиер Риши Сунак.

Столтенберг: САД ќе останат верен сојузник во Алијансата без оглед на исходот од претседателските избори во САД

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека очекува САД да останат „силен и лојален“ сојузник на останатите земји од Алијансата без оглед на тоа кој ќе победи на претседателските избори во САД во ноември оваа година.

„САД ќе останат силен и лојален сојузник“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција во полската престолнина Варшава со британскиот премиер Риши Сунак.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, сега претендент за претседателската номинација на Републиканската партија за есенските избори, одржа говор на почетокот на февруари на предизборен митинг во државата Јужна Каролина што предизвика загриженост кај голем број земји-членки на НАТО поради можноста тој да се врати во Белата куќа.

Трамп тогаш рече дека како претседател на САД, му кажал на шефот на држава на земја на НАТО која не сакала да ги зголеми трошоците за национална одбрана дека во таков случај не само што нема да ја брани земјата за која станува збор според договорот на Алијансата во случај на напад од Русија, но и би го „охрабрил“ рускиот претседател Владимир Путин „да прави што сака“.

Главен ривал на Трамп на ноемвриските избори е актуелниот американски претседател, демократот Џо Бајден.

To top