Свет

Столтенберг: НАТО очекува Грузија да тргне по патот на приклучување кон евроатлантското семејство

Грузија мора да продолжи со реформите и да ги зајакне демократските вредности. Би сакале земјата да се движи во добра насока, кон повеќе демократија и напредок и кон полноправно членство во евроатлантското семејство, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред неговата средба со грузискиот премиер Иракли Кобахиџе во седиштето на Алијансата во Брисел.

Столтенберг: НАТО очекува Грузија да тргне по патот на приклучување кон евроатлантското семејство

„Грузија е близок партнер на НАТО и ние целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. НАТО повторно ја повикува Русија да го преиспита признавањето на грузиските земји како „независни држави“. Секоја закана од Русија за анексија на овие заробени земји е неприфатлива“, додаде Столтенберг.

Повлекувањето на украинските сили од Авдеевка покажува колку е комплицирана ситуацијата на украинскиот фронт, прокоментира генсекот на НАТО.

„Украинците уште еднаш ги надминаа очекувањата и ја имаат поддршката од Алијансата“, додаде тој.

To top