Свет Украина сега е поблиску до НАТО од кога било досега

Столтенберг: Наместо да и ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата

– Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи. Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија. Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили, наведе во изјавата Столтенберг, оддавајќи им почит на, како што рече, „сите оние храбри Украинци кои загинаа или беа ранети во одбрана на својата татковина“.

Столтенберг: Наместо да и ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата

Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина.

– Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи. Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија. Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили, наведе во изјавата Столтенберг, оддавајќи им почит на, како што рече, „сите оние храбри Украинци кои загинаа или беа ранети во одбрана на својата татковина“.

Според него, рускиот претседател Путин ја започнал оваа војна со цел „да ја затвори вратата на НАТО и да го ускрати правото на Украина да го избере својот пат“.

Но, тој го постигна токму спротивното: Украина сега е поблиску до НАТО од кога било досега… Украина ќе влезе во НАТО. Не е прашање дали, туку кога. Додека ве подготвуваме за тој ден, НАТО ќе продолжи да стои со Украина. За вашата и за нашата безбедност, потенцира Столтенберг

Тој нагласи дека Украина успеа да ја зачува својата слобода и независност, благодарение на храброста и решителноста на нејзиниот народ, но и на големата воена и економска поддршка на сојузниците од НАТО.

– Само во изминативе денови и недели, сојузниците од НАТО најавија нови пакети помош во вредност од милијарди долари. Тие ги покриваат клучните капацитети, како артилериска муниција, противвоздушна одбрана и борбени чамци, но и опрема и резервни делови за (авионите) Ф-16, беспилотни летала и опрема за деминирање. Следува поголема поддршка,

додаде Столтенберг во пораката по повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина.

Руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, започнувајќи ја најголемата воена офанзива во Европа по Втората светска војна, што резултираше со најмалку 10.000 цивилни и стотици илјади воени жртви, 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 6,3 милиони украински бегалци во други земји.

Најнови вести од Свет

To top