Свет

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро е фаворит во вториот круг од претседателските избори во Португалија

Според анкетите, 77-годишниот Антонио Хозе Сегуро од централнолевичарската Социјалистичка партија (ПС) е јасен фаворит и се предвидува дека ќе освои до две третини од гласачките ливчиња. Неговиот противник, десничарскиот популист Андре Вентура (43), би можел да освои околу 34 проценти.

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро е фаворит во вториот круг од претседателските избори во Португалија

Португалците денеска излегуваат на гласачките места во вториот круг од претседателските избори за да го одредат наследникот на конзервативниот претседател Марсело Ребело де Соуза.

Околу 11 милиони лица со право на глас се повикани да гласаат, а гласачките места треба да се затворат во 19 часот по локално време, додека гласањето на позападните Азорски Острови ќе продолжи уште еден час.

Претседателот во оваа земја на ЕУ има релативно силни овластувања, вклучувајќи го и правото на вето на законите, распуштање на парламентот и распишување предвремени избори.

Според анкетите, 77-годишниот Антонио Хозе Сегуро од централнолевичарската Социјалистичка партија (ПС) е јасен фаворит и се предвидува дека ќе освои до две третини од гласачките ливчиња. Неговиот противник, десничарскиот популист Андре Вентура (43), би можел да освои околу 34 проценти.

Во првиот круг од гласањето пред три недели, Сегуро доби најмногу гласови со 31 процент, но беше далеку од апсолутното мнозинство потребно за победа. Се очекуваше помала излезност во вториот круг поради последиците од силните бури што ја погодија Португалија и делови од Шпанија во последните денови. Само неколку општини ја искористија можноста за одложување на гласањето за една недела поради поплави или блокирани патишта.

Се очекува победникот да ја преземе функцијата на 9 март, наследувајќи го Ребело де Соуза, кој ја води земјата на југозападна Европа од 2016 година.

To top