Свет ноќните температури се приближија до минус 30 степени

Снежната покривка во источна Турција достигна 10 метри

На многу места во источна Турција се формираше снежна покривка со висина од десет метри, јавува денеска турската приватна телевизија НТВ.

Снежната покривка во источна Турција достигна 10 метри

Снежните врнежи и виулиците во источна Анадолија го отстапија местото на силниот студ во последните денови, а ноќните температури се приближија до минус 30 степени.

Најниската измерена температура беше од областа Ардахан, каде во локалниот град Чајлдер живата на термометрите покажа 31 степен под нулата. Поради студеното време на патиштата во околината има голомразица. Во областа Агра температурата достигна минус 23 степени.

Во Хакјари снежните наноси од десет метри целосно ги затрупаа еднокатните згради и земјоделските објекти во некои села. Поради лавина затворен е патот меѓу градовите Чукурџа и Јуксекова.

Поради натрупаниот снег блокирани се патиштата кои водат до стотици села во различни области во источниот дел на земјата. Само во областа Битлис нема пристап до близу 150 населени места, а екипите се обидуваат да го исчистат снегот длабок четири метри од патиштата.

Многу населени места во окрузите Ван, Хакјари и Муш се исто така недостапни.

To top