Свет учествува на седница на Владата

Словачкиот премиер Фицо се врати на должностите по обидот за атентат

Премиерот Фицо беше тешко ранет на 15 мај по владината седница одржана во селото Хандлова, потсетува словачка новинска агенција.

Словачкиот премиер Фицо се врати на должностите по обидот за атентат

Премиерот на словачката Влада, Роберт Фицо денеска учествува на владина седница, првпат по пукањето на 15 мај во кое беше ранет, јавија денеска словачките медиуми.

Според дневниот ред на седницата, Владата ќе се занимава со исполнување на целите на планот за (економско) закрепнување и повлекување на средствата од ЕУ.

Премиерот Фицо беше тешко ранет на 15 мај по владината седница одржана во селото Хандлова, потсетува словачка новинска агенција.

На почетокот на оваа недела, Фицо учествуваше на комеморација по повод доаѓањето на византиските мисионери Кирил и Методиј во деветтиот век и гледаше жетвари додека работеа на полињата

To top