– Украина може да каже: Сакаме да влеземе во НАТО. Тоа ќе биде нивна одлука. Ние велиме дека нема да ги ратификуваме документите за пристапување на Украина во Алијансата во парламентот, бидејќи на Словачка и треба неутрална Украина, рече Фицо на прес-конференција.
Како што пренесуваат некои светски медиуми, тој истакнал дека словачките интереси ќе бидат загрозени доколку Украина стане членка на Алијансата.
Во меѓувреме, Словачка го поддржува пристапот на Украина во ЕУ. Во таа насока, словачкиот премиер изрази надеж дека Брисел и Киев ќе почнат разговори за почеток на овој процес што е можно поскоро.