Свет

Сиљановска Давкова: Нема промени во односите со САД, одлуката за визите е заради рестриктивната политика кон имиграцијата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека нема промени во односите со САД и покрај одлуката за привремено ставање на пауза на постапките за издавање иселенички визи за 75 земји, меѓу кои е и Македонија.

Сиљановска Давкова: Нема промени во односите со САД, одлуката за визите е заради рестриктивната политика кон имиграцијата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека нема промени во односите со САД и покрај одлуката за привремено ставање на пауза на постапките за издавање иселенички визи за 75 земји, меѓу кои е и Македонија.

– Се разбира дека нема. Тоа е американска национална политика и веројатно САД не изолираа 75 земји, рече вечерва Сиљановска Давкова, во гостување на ТВ Сител.

За мене, дополни таа, тоа беше очекувана мерка заради рестриктивната политика кон имиграцијата.

– Логично е дека ако го направите тој прв чекор, вие сега ќе гледате и во оние кои можеби доаѓаат по легален пат, но не се студенти или не се на определени служби, туку доаѓаат на друг начин, а потоа преку продлжување на престојот или пак преку некои други патишта се обидуваат да остануваат, да останат таму. Впрочем не сме ние осамени. За мене тоа на некој начин само од еден аспект, можеби од безбедносен ме заплашува. Зошто? Бидејќи ако ја имате во истиот круг и Црна Гора, БИХ, Албанија и нас, треба да расмислиме, бидејќи САД исто така во ова време невреме гледаат и безбедносните закани целосно да ги анулираат. А дека е ова посебна мерка кон нас мислам дека апсолутно не држи, додаде Сиљановска Давкова.

Прашана за позицијата на државава во ситуацијата со Гренланд наведе дека „за малите држави се вели дека се внимателни, дека се тивки, дека не реагираат први и брзо и дека секогаш се повикуваат на правото, правдата и на инстуитуциите“.

– Ние сме стратешки партнери сме со САД и симболично тоа беше тогаш важно, тие ни понудија. Зошто? Бидејќи, иако претседателот на САД најави дека утредента и ние ќе станеме членка на НАТО, не дојде до тоа, очигледно од еврпските актери, а не знам можеби и разговарале. Ние имаме 100 процентна заедничка надворешна и безбедноста политика со ЕУ, нешто во што сме први во реонот. Истите проблеми истите дилеми што ги имаат сите тие, и оние што седат на состаноците, а и оние што имаат забелешки на она што се случува но и на генезата што доведе до можеби до најсуровата реалност од не знам кога не сме имале вакво непто бидејќи очиглдно се работи за враќање на Монровата доктрина, се зборува за стратешка, за арктичка ама и енергетска супериорност и тогаш работите не се решаваат така како што ние малите држави ги решаваме. И јас ги пратам сцените. Не можам да ви кажам во моментов што ќе направиме бидејќи прашањето што се поставуваше се однесуваше претходно на Венецуела, таму имаше и еден друг ореол од кој што тргнуваме. Ситуацијата е многу поинаква затоа што таму и веќе има НАТО, рече Сиљановска.

Европското пријателство, појасни, е затоа што имаме заедничка надворешна и безбедносна политика и сме во Европа. Тоа е нашата татковина, не можеме да бидеме виртуелна 51-ва членка на Американската федерација, ниту пак некој ќе ни понуди такво нешто. Не, мислам дека следиме се што се случува овде, во разговорите учествуваат и наши претставници, мислам во коалицијата на подготвените, рече Сиљановска Давкова.

Во однос на процесот за пополнување на амбасадорските места наведе дека „ е при крајот на подготовката“ и оти „набрзо ова прашање ќе се реши логично, рационално и како што треба“.

– Оваа Влада излезе со стратешки пристап, во смисла стратегија за економија, за развој, за дијаспора, за соработка со невладин сектор итн.. Точно е дека имаме извонредни амбасадори од кариера, на повеќето им е истечено, во прашање е договарањето кој каде ќе оди и до кога, рече Сиљановска Давкова наведувајќи дека таа досега нема проблеми во договарањето и оти ја почитува процедурата.

To top