Свет

Силен земјотрес го погоди северниот дел на Италија

Според EMSC, епицентарот на земјотресот бил 26 километри северно од Прато, објави N1.

Силен земјотрес го погоди северниот дел на Италија

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала  регистриран е денеска, во 9:40 часот наутро, во северна Италија.

Според EMSC, епицентарот на земјотресот бил 26 километри северно од Прато, објави N1.

И вчера на северот од Италија беше регистриран  земјотрес, со магнитуда од 4,0 степени. Епицентарот на ударот бил на длабочина од девет километри, околу 11 километри југоисточно од Ла Специја и околу 60 километри северозападно од Ливорно.

To top