Свет Унгарија

Сијарто: На Европа ѝ е потребен патриотски пресврт за да го врати влијанието на светската сцена

„Време е да се вратиме на основните вредности на демократијата во Европа, како и да ја почитуваме волјата на народот, што е можеби најважната фундаментална демократска вредност“, рече Сијарто. 

Сијарто: На Европа ѝ е потребен патриотски пресврт за да го врати влијанието на светската сцена

На Европската унија и е потребен патриотски пресврт за да ја врати изгубената конкурентност, безбедност и влијание на светската сцена, порача денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Појавата на „нова глобална политичка реалност“ и нов лидер на Запад – американскиот претседател Доналд Трамп – значи дека патриотите станаа глобално мнозинство, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на австриската Партија на слободата, Кристијан Хафенекер.

„Време е да се вратиме на основните вредности на демократијата во Европа, како и да ја почитуваме волјата на народот, што е можеби најважната фундаментална демократска вредност“, рече Сијарто. (МИА)

To top