Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска изјави дека САД продолжуваат да имаат клучна улога во обидите за завршување на војната со Русија.
– Предлозите на Украина се реални и изводливи. Вршењето притисок врз Русија е клучно за убедување на Москва да ја прекине војната – наведе Сибиха.
Тој најави дека Украина е блиску до склучување безбедносни договори со неколку земји во регионот на Персискиот Залив, вклучувајќи ги Катар и Обединети Арапски Емирати, за да им помогне да се справат со иранските напади.
Според него, Москва му обезбедува на Техеран разузнавачки информации и оружје.
– Со оглед на тоа што мировните преговори со посредство на САД за прекин на војната се во застој, Кина би можела да игра клучна улога во идните преговори поради нејзиното влијание врз Москва – истакна Сибиха.