Свет нападите ќе бидат изведени во текот на неколку дена

Си-Би-Ес: САД се подготвени со својот план да нападнат цели во Ирак и Сирија

САД одобриле плановите за напади врз цели во Ирак и Сирија, а нападите ќе бидат изведени во текот на неколку дена, објави телевизијата Си-Би-Ес, повикувајќи се на свои извори.

Си-Би-Ес: САД се подготвени со својот план да нападнат цели во Ирак и Сирија

Претседателот Џо Бајден изјави во вторникот дека одлучил каков ќе биде одговорот на нападот со беспилотно летало во североисточниот дел на Јордан, во кој загинаа тројца американски војници, а повеќе од 40 беа ранети. Според Вашингтон, нападот го извршиле борци поддржани од Иран. Тоа е најсмртоносниот напад врз американските војници од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделникот рече дека мерките за одговор „може да бидат повеќеслојни, етапни и продолжени со текот на времето“.

Си-Би-Ес не објави повеќе детали во врска со информациите за нападите подготвени од САД врз цели во Ирак и Сирија.

Најнови вести од Свет

To top