Свет

Штрајк во воздушниот сообраќај во Италија, откажани 55 проценти од летовите

Штрајкот во авиоиндустријата во Италија, кој трае 24 часа, доведе до откажување на 55 проценти од летовите.

Штрајк во воздушниот сообраќај во Италија, откажани 55 проценти од летовите

Штрајкот во авиоиндустријата во Италија, кој трае 24 часа, доведе до откажување на 55 проценти од летовите.

Вработените во авиокомпаниите, аеродромите и во сродните сектори, вклучувајќи го и копнениот и авионскиот персонал на „ИТА ервејс“ и „Изиџет“, протестираат поради условите за работа, објави италијанската новинска агенција AНСА.

Штрајкот го организираат неколку синдикати. Компанијата „ИТА ервејс“ веќе откажа 55 проценти од своите летови, што е речиси 160 лета, според податоците на синдикатот.

Исто така, и екипажот на „Вуелинг“ е во четиричасовен штрајк од 13 до 17 часот. Првиот загарантиран термин за патниците беше од 7 до 10 часот, а следниот од 18 до 21 часот.

To top