Свет меѓународната заедница повикува на прекин на огнот

Штајех ги повика ОН и ЕУ да достават помош од воздух за Појасот Газа

Палестинскиот премиер Мухамед Штајех денеска ги повика Обединети нации и Европска Унија од воздух да достават помош за во Појасот Газа, за да ги поддржат цивилите заробени во војната помеѓу Израел и Хамас.

Штајех ги повика ОН и ЕУ да достават помош од воздух за Појасот Газа

Ги повикувам ОН и ЕУ да фрлат помошта од воздух за Појасот Газа, особено на северот, како што е направено многу пати низ светот, истакна Штајех за време на Советот на министрите на Палестинската управа во Рамалах, во окупираниот Западен Брег.

Војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас започна на 7 октомври. Во неколку наврати, меѓународната заедница повика на прекин на огнот или хуманитарни прекини, за испорака на помош за ранливото население.

To top