Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека војната во Газа меѓу Израел и Хамас има „катастрофални“ здравствени последици.
СЗО свика специјален состанок за здравствените состојби на палестинските територии и нејзиниот шеф рече дека здравствениот систем таму пропаднал и лекарите се соочуваат со невозможна работа.
-Здравствените последици од конфликтот се катастрофални и здравствените работници даваат се од себе во незамисливи услови, рече Тедрос Габрејесус, генерален секретар на СЗО, на отворањето на состанокот во Женева.
Тој предупреди дека како што се повеќе луѓе се преселуваат на сè помали територии, пренатрупаноста, заедно со недостатокот на соодветна храна, вода, засолниште и санитарни услови, создава идеални услови за ширење на болеста.
Габрејесус ги спомена загрижувачките знаци на епидемии на болести кои, се чини, ќе се влошат со влошувањето на состојбата и доаѓањето на зимата.
-Здравствениот систем на Газа е на колена и пропаѓа, рече шефот на СЗО, додавајќи дека само 14 од 36 болници работат со дел од капацитетот, а две од тие установи се наоѓаат на север од крајбрежната област.