Свет

Шефот на сириската дипломатија Асад ал-Шаибани и министерот за одбрана Мурхаф Абу Касра се сретнаа со Путин во Москва

Шефот на сириската дипломатија, Асад ал-Шаибани, и министерот за одбрана, генерал-мајор Мурхаф Абу Касра, синоќа се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, со кого разговараа за голем број политички, воени и економски теми од заеднички интерес, со посебен акцент на стратешката соработка во областа на воената индустрија, објави сириската агенција САНА.

За време на средбата двете страни разговараа за натамошниот развој на военото и техничкото партнерство на начин што ги зајакнува одбранбените способности на сириската армија и оди во чекор со современиот развој на воената индустрија, наведе агенцијата.

Разговорите се фокусираа на модернизацијата на воената опрема, трансферот на техничка експертиза и проширувањето на соработката во научните истражувања и развојот.

Двете страни разменија мислења и за регионалните и меѓународните прашања, нагласувајќи ја важноста од континуирана политичка и дипломатска соработка меѓу Дамаск и Москва во рамките на меѓународните форуми. Тие ја потврдија потребата од почитување на меѓународното право и ги отфрлија сите форми на надворешно мешање во внатрешните работи на земјите.

Во економската сфера, на состанокот се разговараше за перспективите за проширување на економската и трговската соработка, вклучително и поддршка за проекти за реконструкција, развој на инфраструктурните сектори и поттикнување на инвестициите во Сирија.

Путин ја потврди цврстата поддршка на Русија за Сирија и ја нагласи важноста од зачувување на нејзиното единство, територијален интегритет и суверенитет, забележа САНА.

Теми на денот

To top