Свет

Шефот на ОН за човекови права повика на итен политички дијалог меѓу Авганистан и Пакистан

Шефот на ОН за човекови права Фолкер Тирк денеска повика на итен политички дијалог со цел да се прекинат борбите меѓу Авганистан и Пакистан, изразувајќи загриженост поради наглото зголемување на бројот на цивилни жртви.

„Оваа ситуација бара итен политички дијалог, наместо ескалација на употребата на сила“, рече Тирк во соопштение дадено за време на седницата за Авганистан во Советот на ОН за човекови права во Женева.

Пакистан во текот на ноќта изврши воздушни и копнени напади врз цели на талибанската влада во Кабул, Кандахар и Пактија, откако, според наводите на Исламабад, авганистанските сили претходно почнале „неиспровоцирани напади“ врз пакистански воени објекти долж границата. Пакистански безбедносни извори наведуваат дека цел биле талибански позиции, штабови и складишта за муниција во повеќе сектори долж границата долга 2.600 километри.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид потврди дека се извршени воздушни напади во делови на Кабул, Кандахар и Пактија.

Пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Мохамед Асиф денеска изјави дека неговата земја „го изгубила трпението“ и оти сега смета дека е во „отворена војна“ со Авганистан.

Извор МИА

To top