Свет прекинот на огнот ќе помогне да се избегне понатамошен хаос

Шефот на ОН предупредува дека војна меѓу Израел и Либан би била „катастрофа“

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска предупреди дека „целосна конфронтација“ меѓу Израел и Либан би била „тотална катастрофа“ поради стравувањата од уште поширока војна.

Шефот на ОН предупредува дека војна меѓу Израел и Либан би била „катастрофа“

Во обраќањето на Светскиот економски форум во швајцарското алпско одморалиште Давос, Гутереш го повтори својот повик за „итен хуманитарен прекин на огнот“ во Газа.

Борбите ја опустошија Газа по невидените напади на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Оттогаш, на либанско-израелската граница речиси секојдневно доаѓа до размена на оган меѓу израелската армија и либанското шиитско движење Хезболах, сојузник на Хамас.

„Прелевањето што веќе се случува, ризикот од целосна конфронтација во Либан, тоа би било тотална катастрофа. Треба да го избегнеме по секоја цена, рече Гутереш.

Јеменските бунтовници Хути, исто така, напаѓаат бродови поврзаин со Израел во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Шефот на Обединетите нации посочи дека прекинот на огнот ќе помогне да се избегне понатамошен хаос.

To top