Свет помош од повеќе милијарди евра за двете држави

Сенатот наскоро ќе гласа за барањето на Бајден за Украина и Израел

Водачот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, планира да свика гласање пред 4 декември за барањето на претседателот Џозеф Бајден да одобри помош од повеќе милијарди долари за Украина и Израел.

Сенатот наскоро ќе гласа за барањето на Бајден за Украина и Израел

Изјавата објавена од Шамер вчера врши притисок врз пратениците да постигнат договор за безбедноста на границите, а истовремено да гласаат за многу потребната помош за Украина и Израел, пишува порталот Политико.

Републиканците во Сенатот бараат промените во политиката за безбедност на границите да бидат услов за дополнителни средства, надевајќи се дека таквиот договор би можел да го смири републиканското мнозинство во Претставничкиот дом, кое не сака да одобри нови издвојувања.

Шамер рече дека барањето за зајакнување на граничната безбедност е „најголемата пречка“ за испорака на нови средства за одбрана на Украина од Русија и за војната на Израел со Хамас.

Најнови вести од Свет

To top