Свет втора рунда преговори

Се подготвува нова размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија

Шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека за време на средбата на руската делегација и е предаден список со имињата на киднапираните украински деца, кои треба да бидат вратени во татковината.

Се подготвува нова размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија

Втората рунда директни преговори помеѓу руската и украинската делегација во Истанбул заврши за нешто повеќе од еден час.

Шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека за време на средбата на руската делегација и е предаден список со имињата на киднапираните украински деца, кои треба да бидат вратени во татковината.

По завршувањето на средбата се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој наведе дека се подготвува нова размена на воени заробеници.

Претходно, руските медиуми јавија дека на средбата се разговарало на руски јазик.

To top