Се очекува новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп да биде прогласен за „Личност на годината“ од страна на магазинот „Тајм“. За да го прослави откривањето на корицата, новоизбраниот претседател денеска ќе заѕвони на отворањето на Њујоршката берза, велат три извори на кои се повикува „Политико“.
Минатата година поп ѕвездата Тејлор Свифт беше избрана за личност на годината на Tајм.
За да го одбележи откривањето на насловната страница на списанието, извршната директорка Џесика Сибли заѕвони на отворањето. Трамп беше прогласен за личност на годината од магазинот Тајм во 2016 година, откако победи на претседателските избори.
Потесниот избор за личност на годината беше објавен во понеделникот во емисијата „Today show“ на Ен-Би-Си и ги вклучува Трамп, американската потпретседателка Камала Харис, принцезата од Велс Кејт Мидлтон, милијардерот Илон Маск и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. (МИА)