Свет

Саливен: Смртта на Навални е ужасна трагедија, се поставува прашањето што навистина се случило

„Доколку веста се потврди, ова е ужасна трагедија. Со оглед на долгата историја на руската Влада која им нанесуваше штета на своите противници, се поставува очигледното прашање што тука се случи“, рече Саливан за американската радио станица НПР.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливен денеска изјави дека смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е „ужасна трагедија“ и додаде дека се поставува прашање за тоа што навистина се случило.

„Доколку веста се потврди, ова е ужасна трагедија. Со оглед на долгата историја на руската Влада која им нанесуваше штета на своите противници, се поставува очигледното прашање што тука се случи“, рече Саливан за американската радио станица НПР.

Тој наведе дека нема натаму да ја коментира веста за смртта на Навални додека Америка не добие потврда за тоа.

To top