Свет

Саливан: САД нема да испраќаат војници во Украина

САД се уште ја немаат сменето позицијата и не планираат да испратат своја војска во Украина во каква и да било форма, изјави советникот за национална безбедност во Белата куќа Џејк Саливан, соопшти денеска „Си-ен-ен“.

-Како што беше кажано повеќепати, не планираме да испраќаме воени советници, војска или инструктори за обука на Украинците на територијата на Украина, изјави Саливан.

Тој истакна дека САД организирале подготовки на украинските воени сили во воената база во Германија „каде илјадници украински војници“ поминаа обука за ракување на техника од западно производство.

-Ние сме спремни да ја продолжиме, и уште повеќе рашириме таа подготовка, изјави Саливан, додоавјќи дека Вашингтон директно го известил Киев за тоа.

Тој изјави и дека САД наскоро ќе објават за дополнително снабдување на Украина со оружје неопходно за задоволување на итните потреби.

-Се согласувам со (украинскиот) претседател Владимир Зеленски дека требаат пповеќе средства за противвоздушна одбрана. И САД работат на тоа. Мислам дека во најскоро време следуваат објави за понатамошно снабдување, изјави Саливан.

To top