Свет Санкции

САД воведуваат нови санкции против руската „воена машинерија“

Американскиот Стејт департмент денеска преку посебно соопштение објави дека воведува санкции против 100 физички и правни лица.

САД воведуваат нови санкции против руската „воена машинерија“

САД денеска најавија нова серија санкции против руската „воена машинерија“, кога претседателот на Украина, Володимир Зеленски, престојува во Вашингтон, каде бара продолжување на американската помош за неговата земја.

Санкциите се однесуваат на околу 150 поединци и правни лица осомничени за снабдување или финансирање на руската воена индустрија за време на војната во Украина и помагаат да се избегнат санкциите наметнати од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

„Кремљ постепено ја претвори Русија во воена економија, во воена машинерија на Путин, која не може да опстане само со домашно производство“, се вели во соопштението на американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Јелен оцени дека американските санкции го стегаат обрачот околу добавувачите и третите земји кои ја снабдуваат Русија со стоките што и се потребни за развој и одржување на нејзиниот воено-индустриски комплекс.

Американскиот Стејт департмент денеска преку посебно соопштение објави дека воведува санкции против 100 физички и правни лица.

„Вашингтон санкционира физички и правни лица во Кина, Русија, Хонг Конг и Пакистан „вклучени во производството и снабдувањето со кинеско оружје и технологија“, соопшти американското Министерство за финансии.  (МИА)

To top