САД спречија кинеска хакерска операција против критична американска инфраструктура, соопштија претставници на одделот за национална безбедност на Министерството за правда.
Во операцијата биле вклучени стотици домашни рутери кои хакерите претходно ги користеле за шпионирање.
САД и партнерите ја откриле кинеската операција во мај 2023 година, велејќи дека американската војска исто така била цел на шпионирање.
Судот одобрил акција на одделот за национална безбедност за отстранување на вирусот од рутерите и заштита од нови напади.
Кинеската влада ги нарече обвинувањата колективна дезинформација.
-Кинеската влада отсекогаш била категорично против хакерски напади и злоупотреба на информатичката технологија, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Тој додаде дека САД се тие кои се занимаваат со хакирање „повеќе од која било друга земја“. (МИА)