Тој истакна дека со санкциите ќе бидат таргетирани 500 цели, односно цели кои треба да бидат предмет на санкции.
– Акцијата, преземена во партнерство со други земји, ќе ги таргетира руските воено-индустриски комплекси и компании во трети земји кои го олеснуваат пристапот на Русија до стоките што ги сака. Ќе воведеме стотици санкции само овде во САД, но важно е да се запамети дека не е само Америка таа што презема акција, посочи Адејемо.