Свет резултати од хирот на зеленски

САД ја паузираа воената помош за Украина

„Претседателот Трамп беше јасен дека е фокусиран на мир. Сакаме и нашите партнери да бидат посветени кон таа цел. Ја паузираме и разгледуваме нашата помош за да се осигураме дека таа придонесува за решение на војната“, изјави висок функционер од Белата куќа кој сакаше да остане анонимен.

САД ја паузираа воената помош за Украина

Доналд Трамп ја паузираше целата американска воена помош за Украина по судирот со Володимир Зеленски минатата недела, по кој не беше потпишан договорот за ретки минерали, продлабочувајќи ја кризата помеѓу некогашните сојузници.

„Претседателот Трамп беше јасен дека е фокусиран на мир. Сакаме и нашите партнери да бидат посветени кон таа цел. Ја паузираме и разгледуваме нашата помош за да се осигураме дека таа придонесува за решение на војната“, изјави висок функционер од Белата куќа кој сакаше да остане анонимен.

Белата куќа и Пентагон засега немаат објавено каква помош е засегната со оваа одлука и колку долго ќе трае паузата. Демократите во американскиот Конгрес го осудија потегот.

„Со замрзнувањето на воената помош за Украина Трамп му дава можност на Владимир Путин да ја засили својата агресија против невините Украинци. Последиците несомнено ќе бидат уништувачки“, изјави сенаторката Џини Шахин од Комитетот за надворешни односи во Сенатот.

Трамп и вчера го искритикува Зеленски дека би требало да биде поблагодарен за американската поддршка откако тој кажа дека „крајот на војната е многу, многу далеку“.

„Тоа е најлошата изјава што можеше да ја даде Зеленски и Америка нема да го трпи тоа долго“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Откако Русија ја почна целосната инвазија пред повеќе од три години, американскиот Конгрес одобри помош за Украина од 175 милијарди долари. Владата на Трамп требаше да испорача уште 3,85 милијарди долари вредна помош одобрена од претходната администрација.

„Зеленски покажа јасна неподготвеност да се вклучи во мировниот процес. Вратите за разговори помеѓу Трамп и Зеленски и натаму се отворени. Доколку Зеленски сака сериозно да разговара за мир, тој може да дојде во Белата куќа“, кажа американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс.

To top