Свет

САД ја обвинуваат Кина за хакирање на стотици илјади корисници на мобилни телефони

Американските власти се сомневаат дека Кинезите, за време на неодамна откриената хакерска и шпионска кампања, собрале податоци за стотици илјади американски корисници на мобилни телефони и можеби неовластено преземале информации од повеќе од милион корисници, објави денеска Еј-би-си Њуз.

Според информациите на таа телевизија, меѓу жртвите на кинеските хакери биле и некои од највисоките владини функционери во администрацијата на претседателот на САД, Џозеф Бајден, а меѓу нив и најмалку еден секретар на неговиот кабинет, како и советник за внатрешна безбедност на Белата куќа.

Кибер-функционерите на Федералното биро за истраги (ФБИ) и домашната безбедност изјавија на вчерашната прес-конференција дека Кинезите успеале да украдат „голем број податоци“, официјално признавајќи за прв пат дека Кина успеала да утврди со кој разговараат илјадници корисници на мобилни телефони во САД, кога разговарале и од каде.

Истрагата откри дека кинеската кампања ги искористила американските компјутерски рутери кои им служат на телекомуникациските корпорации, што им овозможило пристап до телефонските броеви на значителен број клиенти на Verizon, AT&T, Lumen Technologies и други телекомуникациски компании и дека операцијата можеби траела повеќе од една година.

To top