Свет „Крокус сити хол“

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.

Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.

-Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина, рече Милер.

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот.   (МИА)

To top