Свет изјава

САД ја критикуваа Германија поради АфД

Одлуката на германската служба за безбедност опозициската партија Алтернатива за Германија да ја прогласи за екстремистичка не е демократија туку тиранија, изјави шефот на дипломатијата на Соединетите Американски Држави Марко Рубио.

САД ја критикуваа Германија поради АфД

Одлуката на германската служба за безбедност опозициската партија Алтернатива за Германија да ја прогласи за екстремистичка не е демократија туку тиранија, изјави шефот на дипломатијата на Соединетите Американски Држави Марко Рубио.

„Германија тукушто ѝ даде на својата шпионска служба да ја шпионира опозицијата. Тоа не е демократија, туку маскирана тиранија. Вистинскиот екстремизам не го претставува АфД, која на неодамнешните избори го освои второто место, туку емиграциската политика на отворени граници на германскиот естаблишмент, на која АфД се противи“, кажа Рубио.

„Германија треба да го смени курсот“, исткна тој.

Во петок германската Сојузна канцеларија за заштита на уставот (БФВ) ја прогласи Алтернатива за Германија за „чисто ектремистичко десничарско движење“ на територијата на целата земја, а не само во сојузните држави Саксонија, Тирингија и Саксонија-Анхалт.

Ознаката овозможува построг надзор од органите за безбедност над активностите на АфД и е чекор до нејзина целосна забрана. Канцеларот во заминување Олаф Шолц предупреди дека таквата одлука не би требало да се носи без внимателно разгледување.

Претседателите на АфД Тино Крупала и Алис Вајдел изјавија дека одлуката на БФВ е „сериозен удар по демократијата“ во Германија и политички мотивирано мешање во процесот на формирање нова влада.

To top