Свет Бета

САД го повикаа СБ на ОН да го поддржи планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

„Бројни лидери и влади, вклучително и оние во регионот, го поддржаа планот и го повикуваме Советот за безбедност да им се придружи во повикот за спроведување на овој договор без одлагање и без дополнителни услови“, се наведува во изјавата на амбасадорката.

САД го повикаа СБ на ОН да го поддржи планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

САД синоќа апелираа до Советот за безбедност на Обединетите нации  да го поддржи планот од три фази, објавен од американскиот претседател Џо Бајден, за ставање крај на војната во Газа, ослободување на сите заложници и испраќање голема помош на опустошената територија, јави Бета.

Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека САД ја споделиле нацрт-резолуцијата со другите членки на Советот за безбедност за да го поддржат крајот на конфликтот што започна со ненадејниот напад на Хамас, на 7 октомври минатата година, на југот на Израел, а во кој загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили.

„Бројни лидери и влади, вклучително и оние во регионот, го поддржаа планот и го повикуваме Советот за безбедност да им се придружи во повикот за спроведување на овој договор без одлагање и без дополнителни услови“, се наведува во изјавата на амбасадорката.

Нацрт-резолуцијата до која дојдоа американските медиуми го поздравува договорот објавен од Бајден на 31 мај и го повикува Хамас „да го прифати целосно и да ги исполни своите услови без одлагање и без услови“.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top