Генералниот секретар на НАТО Марк Руте попладнево ќе учествува на заеднички состанок на членовите на три тела на Европскиот парламент – Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), на Поткомитетот за безбедност и одбрана (СЕДЕ) и на Делегацијата за односи со Парламентарното собрание на Алијансата.
Како што соопшти Европарламентот, цел на состанок е размена на мислење меѓу Руте и европратениците за руската агресија врз Украина, за очекувањата од претстојната американска администрација, како и за други регионални и глобални безбедносни закани за кои е потребна тесна соработка меѓу ЕУ и НАТО.
Во тој контекст се очекува да стане збор за напорите за зајакнување на одбраната и одвраќањето на НАТО, како и за испораката на воена помош за Украина.