Руската инвазија врз Украина предизвика штета во вредност од околу 3,5 милијарди долари врз културното наследството на земјата, соопшти УНЕСКО.
Културата, туризмот и забавата изгубија вкупно 19 милијарди долари приходи од руската инвазија во февруари 2022 година, се наведува во соопштението на УНЕСКО.
Минатата година, организацијата со седиште во Париз ја процени штетата на речиси 2,6 милијарди долари.
Според УНЕСКО, кои користеле сателитски снимки за да ја процени штетата, околу 5.000 локации се уништени, вклучително и повеќе од 340 локации како што се музеи, споменици, библиотеки и верски објекти. Таа бројка изнесуваше 248 локации заклучно со април минатата година.
Според УНЕСКО, две места на светското наследство на УНЕСКО – Лавов и Одеса на југ се меѓу најтешко погодени од руските напади. (МИА)