Свет

Руски пратеници во посета на САД првпат по нападот врз Украина

Руска делегација составена од пет пратеници престојува во САД, што е прва таква посета од почетокот на руската инвазија врз Украина. Целта на посетата е возобновување на меѓусебните парламентарни контакти.

Делегацијата доаѓа во САД на покана на републиканската конгресменка Ана Паулина Луна, поддржувач на претседателот Доналд Трамп и критичар на американската помош за Украина.

Заменик-претседателот на Комитетот за надворешни работи на руската Дума, Вјачеслав Никонов, изјави дека за денеска се планирани средби со претставници на американската администрација.

Според Никонов, кому САД привремено му ја укинаа забраната за влез во земјата, разговорите се насочени кон формирање заедничка парламентарна група, со можност за возвратна посета на Москва во мај.

Западните земји речиси целосно ги прекинаа политичките контакти со Русија поради поддршката за Украина, но администрацијата на Трамп се обидува да ги обнови каналите за дијалог.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја оцени посетата како важен чекор кон нормализација на односите.

To top