Едно лице загина, а 11 се повредени, вклучувајќи и едно дете, како резултат на синоќешниот руски напад врз цивилната инфраструктура во Одеса, објави на „Телеграм“ Сергеј Лисак, началник на Воената администрација на Одеса.
„За жал, до 7:00 часот утрово, знаеме дека едно лице починало во болницата како резултат на повредите. Моето искрено сочувство до семејството и најблиските“, посочи Лисак и во објавата на „Фејсбук“.
Вкупно, според Лисак, 11 лица се повредени, вклучувајќи едно дете. Сите повредени добиваат потребна медицинска помош.
Според информациите објавени на Телеграм, во нападот е оштетена зграда на породилиште, од каде персоналот и пациентите веднаш биле евакуирани.
Во високите згради има уништување на балкони, оштетување на прозорци и пожари на горните катови. Во приватниот сектор, избувнаа пожари во станбените згради; пожарите се изгаснати. Оштетени се повеќе од 10 автомобили.
Во Приморскиот реон се регистрирани оштетувања на три објекти на општообразовни институции, додека во населбата Хаџибеј е погодена повеќекатница, но таму нема настрадани. На терен работат итните и комуналните служби за санирање на штетите.