Руските сили за противвоздушна одбрана синоќа соборија 20 украински дронови, соопшти руското Министерство за одбрана.
Едно од беспилотните летала е соборено над регионот на Москва.
– Силите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 20 украински беспилотни летала: 16 над територијата на Брјанската област, две над територијата на Калушката област, едно над територијата на Белгородската област и едно над територијата на Московскиот регион, се наведува во соопштението на руското МО.