Свет

Русија забрани влез на 92 државјани на САД, меѓу кои и новинари на најголемите американски медиуми

Русија забрани влез на 92 државјани на САД, меѓу кои и новинари на најголемите американски медиуми

Русија денеска забрани влез на нејзина територија на 92 американски државјани, вклучително и новинари од неколку големи медиуми, поради ширење „лажни информации“ за руската армија која се бори во Украина.

– Влезот во Русија е трајно затворен за 92 американски граѓани – претставници на деловниот свет, истражувачи, културни личности, новинари и медиумски личности, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Вработени во Њујорк Тајмс, Волстрит џурнал и Вашингтон пост се вклучени во оваа листа, која веќе опфаќа стотици други граѓани на САД и други западни земји.

Москва ги обвинува овие новинари дека се „вклучени во производството и ширењето на лажни информации за Русија и руските вооружени сили“ и за учество во „хибридна војна што ја почна Вашингтон“.

На списокот објавен денеска има и припадници на војската, универзитетски професори, деловни директори, политичари и членови на американскиот правосуден систем.

Односите меѓу Москва и Вашингтон се на најниско ниво од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, која Кремљ ја смета за прокси конфликт меѓу Русија и НАТО.

САД се најважната воена и финансиска поддршка на Киев.

Западот усвои бројни економски и финансиски санкции против Русија, насочени против нејзините службеници, банкарскиот систем, воената индустрија, авиокомпаниите и голем број други сектори.

To top