Свет

Русија за украинските обвинувања за излевање гориво во Запорожје вели дека се лажни

Откако Украинците објавија дека дошло до излевање на гориво во нуклеарната централа Запорожје, раководството на централата, поставено од Русија, ги отфрли тврдењата, нарекувајќи ги лажни.

Претходно Украина ја обвини Москва дека не е способна да управува со безбедноста на електраната, повикувајќи се на наводи за големо излевање на гориво.

„Тоа гориво беше доволно за напојување на генераторите за итни случаи на електраната дури 25 дена“, рече портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхи Тихи.

Тој не откри од каде се овие извештаи, ниту кога и како настанала штетата, туку само рече дека „сето тоа е директна последица на неодговорната замена на лиценцирани украински експерти со руски персонал“.

Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека САД би можеле да помогнат во управувањето, дури и со евентуално сопствеништво над украински нуклеарни централи. Сепак, Володимир Зеленски рече дека не е разговарано за сопственоста и ја отфрли таквата можност.

To top