Свет

Русија соопшти за штети по украински напади врз енергетски објекти

Русија соопшти дека нови украински воздушни напади погодиле енергетски објекти во пограничниот регион Белгород и нафтен склад во Краснодарската област.

Русија соопшти за штети по украински напади врз енергетски објекти

Русија соопшти дека нови украински воздушни напади погодиле енергетски објекти во пограничниот регион Белгород и нафтен склад во Краснодарската област.

Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека по украински ракетен напад е предизвикана сериозна штета на енергетската инфраструктура и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Според него, во регионот се појавиле и проблеми со снабдувањето со вода и греење.

Во градот Армавир во Краснодарската област, на брегот на Црното Море, избувнал пожар во нафтен склад по напад со дрон, кој зафатил површина од околу 700 квадратни метри. Нема информации за повредени.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана уништила 72 украински беспилотни летала.

Украина повеќепати ги напаѓа објектите на руската нафтена индустрија во рамки на одбраната од руската инвазија, која влезе во петтата година.

Киев наведува дека целта на нападите е да се намалат приходите на Русија од продажба на енергенси, кои се користат за финансирање на руската воена машинерија.

Украина денеска соопшти дека Русија извршила нови напади со две ракети „Искандер“ и 117 беспилотни летала.

Според властите, еден дрон погодил и воз со околу 200 патници на линијата меѓу Киев и североисточниот регион Суми, но нема информации за повредени.

Најнови вести од Свет

To top